Има неколку добри причини за замена на старата врата со метална сигурносна врата:
Сигурност
Во Македонија секојдневно во по неколку станови се вршат провали, од кои во 90 проценти провалите се извршуваат преку влезните врати. Сите ние мислиме дека тоа не може да ни се случи нам и ќе не заобиколува како и до сега.
Металните врати со сигурносни сеф брави кои заклучуваат на три страни се многу потешки за провалување и крадците како по правило ги избегнуваат и одат кај комшијата што има обична врата.
Изолација
Доколку имате шуплива врата која воопшто не дихтува и има голем луфт покрај прагчето од кој константно дува, во текот на зимата губите енергија која ја надополнувате со поголеми сметки за греење. Старите типови на врати скоро и да немаат никаква звучна изолација, слушате се што се случува надвор.
Со инсталирање на нова метална врата исполнета со тервол или полиуретан со вградено прагче и со дупли дихтунзи од сите четири страни, за неколку пати ја зголемувате топлотната изолација. Звучната изолација на овој тип на врати е околу 30db, што значи ги изолира секојдневните звуци, како гласното зборување пред вратата, тропањето на лифтот, одењето по скалите и слично.
Естетика
Ако се одлучите за реновирате на домот сигурно би сакале да имате убава влезна врата, складна со ентериерот. Влезната врата го прави првиот впечаток на домот, а нејзината замена е помала инвестиција од кое и да било друго реновирање.
Одржување
Металните врати не бледат, нема потреба да се фарбаат и се многу лесни за одржување.
Секоја врата и сеф можат да се провали со потребен алат, професионална обука и време на располагање.
И со исполнување на овие фактори самото отворање ќе предизвика голема бучава и одземе многу време, така да во населените станбени згради ги прави невозможни за провала.
Под демонтажа спаѓа вадење на старата врата и штемување или проширување на отворот доколку има потреба. Под монтажа спаѓа инсталирање на новата врата, анкерисување во ѕидот и пополнување со пур пена.
Естетското средување на ѕидот по монтажа и варосување доколку има потреба, не спаѓаат во делот на монтажа. Естетското средување го работиме како посебен сегмент и се наплаќа одделно од монтажата.
Сите сигурносни врати се на полушток тоа значи дека имаат первази само од надворешна страна и дебелината на штокот е од 12 – 13 цм значи ќе се монтирта од надворешна страна на ѕидот останатиот дел од ѕидот што нема да го покрие останува да се среди со гипс картон , малтерисување украсна ламперија и слично. Постои можност и ние да го средиме и овој дел договорно.
Големина на ѕидарскиот отвор ( од ѕид до ѕид кога ќе се извадат певазите на постоечка врата - ако го мерите самите отворот треба да биде 2 до 3 цм поголем од димензии на вратите).
За еднокрилна врата 97/98цм х 207/208цм
За двокрилна врата 122/123цм х 207/208цм
За двокрилна врата 142/143цм х 207/208цм